
КЛАСИЧНА ГИТАРА
Часовите за изучување на класична гитара се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето - член има познавање од свирење на овој инструмент.
Возраст која е најпогодна за изучување на класична гитара се деца од 7 години до 14 години.
Почетниците се запознаваат со музичката теорија, солфеж и гитарата како инструмент, додека децата кои веќе имаат познавање од музичката теорија, изучуваат кратки дела од познати светски композитори.
Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“ и посетуваат и натпревари по гитара.
Часовите ги држи музички педагог Георги Трајков, понеделник, вторник и среда од 13:30 до 20:30 часот, четврток и петок од 09:00 до 14:00 часот. Месечна чланарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | понеделник, вторник и среда од 13:30 до 20:30 ч., четврток и петок од 09:00 до 14:00ч. | |||
| Инструктор | Георги Трајков | |||
| Инструмент | КЛАСИЧНА ГИТАРА | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
КЛАРИНЕТ
Часовите за изучување на кларинет се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето - член има познавање од свирење на овој инструмент.
Возраст која е најпогодна за изучување на кларинет се деца од 7 години до 14 години.
Почетниците се запознаваат со музичката теорија, солфеж и кларинетот како инструмент, додека децата кои веќе имаат познавање од музичката теорија, изучуваат кратки дела од познати македонски и светски композитори.
Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“ и посетуваат и натпревари по кларинет.
Часовите ги држи едукатор Марко Младеновски. Часовите се индивидуални, вторник и четврток по договор со едукаторот.
Месечна членарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | вторник и четврток | |||
| Инструктор | Марко Младеновски | |||
| Инструмент | КЛАРИНЕТ | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
ТАМБУРА, ТАПАН, КАВАЛ, ГАЈДА, КЕМАНЕ, ..
Курсот за изучување на македонски традиционални музички инструменти е поделен на два дела: теоретски дел и практичен дел.
Теоретскиот дел е запознавање на македонските традиционални музички инструменти и нивната поделба; нивната изработка и нивната употреба, и изучување на нотното писмо по одбрана литература.
Практичниот дел, во зависност од кои македонски традиционален музички инструмент е избран, е предвиден да се совладуваат вежби за расвирување, да се совладаат и интерпретираат дурски и молски скали и да се изучуваат ора и песни од различни етнички предели.
Преку курсот децата ќе стекнат општа музичка култура, ќе се запознаат со традиционалните мелоси и интерпретирање на еден или повеќе македонски традиционални музички инструменти во зависност од талентираноста на детето.
Со курсот за изучување традиционални инструменти раководи Тимко Чичаковски во вторник од 17:30 до 19:00 часот (блок часови). Месечна чланарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | вторник од 17:30 до 19:00 ч. (блок часови) | |||
| Инструктор | Тимко Чичаковски | |||
| Инструмент | ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Модерна едукативна лабараторија во која се изведуваат практични експерименти од природните науки.
Со експериментите работи дипломиран едукатор за хемија и биологија Јасмина Апостолова.
Сите материјали за работа ги обезбедува институцијата. Месечна чланарина 1.500 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | среда од 18:00 до 19:00 ч. | |||
| Инструктор | Јасмина Апостолова, дипломиран едукатор за хемија и биологија | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Големите потези на малите мајстори ќе ги научите токму во шаховската секција на Детскиот културен центар - „Карпош“.
Откријте ги тајните на шахот преку игра и дружење!
Програмата е прилагодена на сите нивоа на знаење и преку индивидуализирана настава и специфична содржина придонесува за подобрување на играта шах и рамномерен развој на целата личност!.
Логика, комбинаторика, имагинативност, имагинација, креативност, интуиција, упорност, истрајност, се само некои од предностите што децата ги носат во магичниот свет на шах.
Преку игра и постепено запознавање со тајните на шахот, децата ќе откријат:
- која е суштината на шахот
- каква е логиката во играта на шах
- кои се основните фази на шаховската игра
- каков е планот на играта во одделни фази на играта
- како конкретно да се применуваат стратешките и тактичките принципи во текот на играта
- каква е улогата на времето во шаховска игра
- што претставува психолошка проценка на текот на играта и партнерот со кој играте
- како да се подготвите за одредена забава
- како да изградите свој стил на игра
Ве очекуваме секој вторник и четврток од 17:00 до 20:00 часот. Месечна чланирани 1.500 денари
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | секој вторник и четврток од 17:00 до 20:00 ч. | |||
| Инструктор | Јовица Николовски | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Преку секцијата за модерен балет децата можат да изучуваат разни стилови и движења на современиот танц, да се запознаат со иновативни содржини на танцот како уметничко средство на израсност и да развиваат натпреварувачки дух преку посета на меѓународни натпревари, и натпревари организирани во нашата држава.
Својата работа ја претставуваат преку јавен час и годишен концерт заедно со својот инструктор Татјана Милановиќ.
Часовите се одвиваат во три групи поделени според возраст и тоа:
- од 3 до 5 години - прва група,
- од 5 до 7 години - втора група и
- од 7 до 9 години - трета група.
Месечна чланарина 1.500 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | секој понеделник и среда од 17:30 до 20:30ч. | |||
| Инструктор | Татјана Милановиќ | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
На курсот за изучување фотографија ќе може да се научи сѐ што е важно и што се однесува на основната фотографија, нејзиното настанување и поделба, технички предуслови за правилно фотографирање и принципот на работа на фотоапаратот и дополнителната опрема.
Покрај тоа секцијата ќе се занимава со креативни решенија, начинот на осветлување и композицијата.
Фокусот на секцијата ќе биде на дигиталната фотографија меѓутоа заради нејзино полесно разбирање неопходно е да се направи паралела со основите на класичната аналогна фотографија.
Со цел за поефикасно следење на курсот, севкупните предавања се поделени на 4 тематски целини каде што членовите ќе имаат можност на едноставен начин, чекор по чекор, да дојдат до најкомплексните вештини во оваа област
Основната цел на овој курс е да стекнете бројни теоретски и практични знаења кои вас од фото аматер ќе ве доведат до искусен познавач на фотографијата.
Месечна чланарина 1.000 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | / | |||
| Инструктор | ||||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина |
ПРЕВЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - фолклорна секција
Детскиот хор негува детска хорска песна од забавен карактер, со можност да врши обработки на песни и со народни мотиви.
Програмските определби ќе се менуват според гласовните можности на децата.
Има можност за издавање ЦД со нови детски хорски песни.
Детскиот хор работи во текот на цела учебна година, во просториите на Детскиот културен центар - „Карпош“ еднаш неделно, среда од 19:00 до 20:00 часот.
Аудиции се вршат два пати во годината во септември и во февруари, а објавите за истите се поставуваат на ФБ и Инстаграм страната на Центарот.
Детскиот хор настапува на сите манифестции што ги организира Центарот, а членови на хорот се деца од 6 до 14 години.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | среда од 19:00 до 20:00 ч. | |||
| Инструктор | ||||
| Членарина | 800,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Генералната програмска определеност на фолклорната секција е негување на изворното и стилизирано македонско народно оро и песна.
Својата работа како фолклорен ансамбл, членовите на оваа секција, ја крунисуваат со звршен годишен концерт кој се изведува на крајот на месец април, каде што пред своите родители и другата публика ја претстават програмата што ја работеле во изминатиот период.
Целта на фолклорната секција е да ги запознае децата со одделни специфики на македонското народно творештво, да ги негува основните фолклорни чекори и спецификата на македонските ритмови, да ја едуцира младата популација за вреднување на сопствените културни вредности од областа на фолклорното творештво и да ја афирмира македонската фолклорна традиција и култура.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | секој вторник и четврток од 18:30 до 20:30 ч. | |||
| Инструктор | Марко Младеновски | |||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | |||
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Фолклорот за почетенци нуди можност секој кој е заинтересиран корисно да го минува времето во викендите, да научи повеќе за народните игри, песни и фолклорот воопшто да ни се придружи во вторник и четврток од 18.00 до 19.00 часот. Дојдете и почуствувајтеја ја магијата на фолклорот.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | вторник и четврток од 18:00 до 19:00 ч. | |||
| Инструктор | Марко Младеновски | |||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | |||
Ликовното воспитание и образование ја култивира личноста на детето и ги развива неговите творечки способноти.
Преку ликовното изразување се пренесуваат знаења и естетски вредности, се развиваат способности преку кои детето ја развива и ослободува својата личност.
Часовите по цртање и сликање се наменети за деца и млади кои покажуваат талент за ликовното изразување.
На заинтересираните ќе им се овозможи спонтано и низ игра да пробаат разни ликовни техники.
Особено внимание ќе се посвети на изборот на материјали, експериментирањето со материјалите и истражувачките активности при ликовното творештво.
Ликовната секција работи во текот на цела учебна година, во просториите на Детски културен центар - „Карпош“ и тоа двапати неделно.
Децата се распоредени според возраста и со нив работи ликовниот педагог Јована Наумоска.
Сите потребни материјали се обезбедени од институцијата. Месечна чланарина е 1500 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | понеделник и четврток од 18:00 до 20:30ч. (секоја втора недела) | |||
| Инструктор | Јована Наумоска | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Пинг-понгот има цел да ги развие перцептивните вештини кои играат клучна улога во извршувањето на секојдневните задачи како што се фаќање и движење.
Односот помеѓу визуелната перцепција и моторните вештини е клучниот сегмент на оваа активност.
Играњето пинг - понг овозможува поголемо време на интеракција меѓу децата.
Со тоа пинг - понг играта може да го подобри процесот на стекнување вештини од слични моторни задачи и механизми кои се справуваат со комплексната и фина моторна контрола.
Целта на пинг - понгот е да се развие кај децата: сила, брзина, издржливост, флексибилност, точност, моторика, натпреварувачки дух и правилен психофизички развој.
Секцијата функционира во договор со инструкторот Стојан Христов.
Искористете го секој слободен момент за учење на вештините на спортот пинг - понг.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | по договор. | |||
| Инструктор | Стојан Христов | |||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина |
| ПРЕВЗЕМЕТЕ - |
Драмското студио на Детскиот културен центар - „Карпош“ им обезбедува на децата простор за креативна игра во која им е дозволено да прават грешки и да експериментираат. Преку драмски претстави, сценско движење и импровизации, ја стимулираме имагинацијата, практикуваме критичко размислување и развиваме емпатија и толеранција.
Во драмското студио работиме на тоа децата да го задржат она што е најважно, а тоа е искреноста. Ќе се занимаваме со драма за деца, ќе читаме многу и ќе разговараме на различни теми.
Ќе работиме на разбивање на стравот од јавен настап со помош на драмски игри и вежби во групи и индивидуално. Ќе ги поставиме темелите на актерскиот израз, сценскиот говор, сценското движење и заедно ќе совладуваме разни театарски улоги. Ќе зборуваме за емоциите и ќе ги анализираме искуствата, ќе креираме и ќе промислуваме.
Ќе гледаме филмови и театарски претстави и ќе ги анализираме содржините.
Децата ќе бидат поделени во три групи според возраста
ЦЕЛИ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА
Децата ги развиваат своите говорни вештини, комуникациски вештини и експресивност, се запознаваат со драматичната креативност и театарските техники. Драмската секција им помага на децата во следново:
- да ги изразат и развиваат своите чувства, способности и ставови,
- да развиваат говорни и експресивни способности и вештини,
- да развиваат имагинација и да ја поттикнуваат креативноста,
- да стекнат сигурност и самодоверба,
- да ги разбираат меѓучовечките односи и однесувања,
- да развиваат толеранција кон различностите
- да научат да соработуваат со другите, да се почитуваат себе си и другите.
Децата ќе имаат можност да се изразат себеси на оригинална сцена преку јавна изведба.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | четврток од 18:30 до 20:00ч. | |||
| Инструктор | Радо Алексов | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
ПРЕВЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - драмска секција
Основната идеја на секцијата за мултимедијално творештво е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме според желбите и потребите на децата. Затоа сме тука да ги слушнеме, да создаваме, пееме, снимаме со нив и за нив.
Пеењето и учењето различни мелодии на нашите часови ќе се изведува со голема радост и ентузијазам.
За нас е важно на секое дете да му посветиме целосно внимание, за да го развие својот целосен музички потенцијал. Преку различни техники и преку работилници ќе го усовршуваме детскиот талент и ќе компонираме песна. Најзабавниот дел од нашата програма е снимањето во студио и слушањето на сопствениот глас во радио реклама. Можеби ќе им ја отвориме вратата на децата за успешна музичка кариера или за радио водителство, а ќе имаат убаво сеќавање кое засекогаш ќе биде запаметено.
Децата ќе имаат можност да научат:
- СНИМАЊЕ КАВЕР НА МАКЕДОНСКИ ПОП ХИТ - (естрадно пеење)
- СНИМАЊЕ КАВЕР ОД СТРАНСКИ ХИТ - (естрадно пеење)
- СНИМАЊЕ ПРАТЕЧКИ ВОКАЛИ ВО ПЕСНА - (практичен пример)
- СНИМАЊЕ ДУЕТ - (практичен пример)
- КАКО СЕ ПРАВИ ЦЕЛА ПЕСНА ВО СТУДИО? – Компонирање, аранжирање, снимање инструменти, пеење и миксање
- СНИМАЊЕ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ – гитара, бас, пијано, тапани
- КОМПОНИРАЊЕ ДЕТСКА ПЕСНА – креативна работилница со познати песни
- ПРАВЕЊЕ DJ РЕМИКС – гостин DJ
- КАКО СЕ ПРАВИ РАДИО РЕКЛАМА? - (составување текст, дикциско читање, снимање, миксање со музика и ефекти) - гостување на спикер
- КАКО СЕ СИНХОНИЗИРА „ОФФ-ТОН“? – гостин актер / синхронизатор
- „ОФФ ТОН“ ЗА АНИМИРАН ЛИК - (цртан филм)
- РАБОТА СО ПЛАГИН AUTOTUNE - (вокален ефект роботски како Шер) и разни ефекти на глас
- ПРАВЕЊЕ ПОДКАСТ ЗА YOUTUBE - (подготовка на текст на зададена тема, снимање на видео запис во студио, миксање со музика)
- ПРАВЕЊЕ ВИДЕО ЗАПИС НА ХРОМА – со гостин видео монтажер
Термини во договор со едукатор.

Секцијата за мултимедијално творештво е поддржана од АД Алкалоид Скопје.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | ||||
| Инструктор | ||||
| Членарина |
ПРЕВЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - секција за мултимедијално творештво
Часовите за изучување соло пеење се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето, членот на секцијата, има познавање од соло пеење.
Возраст која е најпогодна за изучување на соло пеење е од 7 до 17 години.
Учесниците се запознаваат со музичката теорија и техники за изведба соло песни и обработуваат песни од познати светски и домашни изведувачи.
Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“.
Месечна членарина за еднаш неделно е 1200 денари, а за два пати неделно е 2400 денари.
Секцијата сеуште не е во функција.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | ||||
| Инструктор | ||||
| Членарина | Месечна чланарина за еднаш неделно е 1200 денари, а за два пати неделно е 2400 денари |























