likovnaЛиковното воспитание и образование ја култивира личноста на детето и ги развива неговите творечки способноти.

Преку ликовното изразување се пренесуваат знаења и естетски вредности, се развиваат способности преку кои детето ја развива и ослободува својата личност.

Часовите по цртање и сликање се наменети за деца и млади кои покажуваат талент за ликовното изразување.

На заинтересираните ќе им се овозможи спонтано и низ игра да пробаат разни ликовни техники.

Особено внимание ќе се посвети на изборот на материјали, експериментирањето со материјалите и истражувачките активности при ликовното творештво.

Ликовната секција работи во текот на цела учебна година, во просториите на Детски културен центар - „Карпош“ и тоа двапати неделно.

Децата се распоредени според возраста и со нив работи ликовниот педагог Јована Наумоска.

Сите потребни материјали се обезбедени од институцијата. Месечна чланарина е 1500 денари.

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     понеделник и четврток од 18:00 до 20:30ч. (секоја втора недела)
Инструктор     Јована Наумоска
Членарина     1.500,00 денари, месечна членарина

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - ликовна секција

Најнови содржини

Актуелно