ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ од 8 февруари до 9 март 2021 година реализираше вкупно 22 работилници од проектот „Развиваме и градиме млади таленти“, наменет за деца од сите делови на Градот Скопје, кои што беа уредно реализирани според сите предвидени протоколи за заштита и превенција од Ковид 19.

Сите работилници се реализираа во институцијата секој работен ден од понеделник до петок од 18:00 до 19:30 часот.

Беше пуштен јавен повик за учество во овие работилници за деца од 6 до 11 години и на наше огромно задоволство се пријавија и учествуваа вкупно 86 деца од сите делови на Градот Скопје.

Се набавија сите потребни материјали за работа за успешна реализација на проектот, каде акцент се стави на македонското народно творештво.

Работилниците беа утврдени со одредена динамика со цел да не се наруши основната дејност на институцијата.

На крајот од секоја работилница, децата беа воодушевени од својот прв уникатен рачно изработен украс, како и од филигранот од срма. Децата од помала возраст кои немаа доволоно развиено вештини за работа со срмен конец, работеа свои оригинални дела со колаж, но крајниот ефект беше еднаков. Задоволни и среќни деца!

 

RAZVIVAME GRADIME TALENTI 2021

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)