На 2 март започна циклус на работилници за креативно менторство, наменет за учесници од основно и средно образование, кои ќе имаат можност да учат и создаваат под водство на експерти – ментори од различни креативни области.

Програмата ќе трае до 30 мај и ќе се реализира низ тримесечен процес на истражување, едукативни предавања и практична работа.

2026 KREATIVNO MENTORSTVO1

Работилниците се организирани околу три тематски целини: „Класичен мозаик“, „Совесна мода“ и „Разгледници од иднината“, преку кои учесниците ќе ги развиваат своите креативни вештини и ќе работат на сопствени идеи и проекти.
Целта на програмата е да се поттикне креативното размислување, уметничкиот израз и практичното учење кај младите, овозможувајќи им да стекнат нови знаења и искуства во менторска и инспиративна средина.
Работилниците ќе завршат на 30 мај, кога учесниците ќе ги претстават своите финални креативни производи создадени во текот на програмата.

 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)