ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“ од 15 февруари до 15 април 2021 година реализираше низа работилници од проектот Креативно ментерство.

Вкупно беа опфатени 65 учесници - тинејџери кои имаа можност да ја истакнат својата креативност согласно својот афинитет, односно понудена работилница.

Сите работилници на крајот финализираа со готови производи. Работилниците беа од различни области и беа изведени голем број работилници од секоја област и тоа:

 

Изработка класичен мозаик     вкупно 14 работилници
Древни сликарски техники иконопис и фрескопис     вкупно 16 работилници
Млади туристички водичи / ВЛОГЕРИ     вкупно 15 теренски работилници на отворено
Дигитална фотографија     вкупно 15 работилници
Дизајнирање пиктограм и негова употреба     вкупно 16 работилници

 

Работилниците течеа онака како што беше предвидено со одредена динамика и се реализираа дел во нашата институција, а дел надвор - теренска работа, бидејќи и самите работилници беа осмислени така.

Оние работилници кои се одвиваа во нашата институција се одвиваа согласно протоколите за заштита од Ковид 19, а особено се водеше сметка да не се наруши основната дејност на институцијата.

На општо задоволство на сите нас интересот за ваков тип на креативни работилници беше огромен и во услови на пандемија, со што можеме со сигурност да кажеме дека сме ја постигнале целта. Учесниците покажаа дека им треба едно вакво освежување и со голем ентузијазам доаѓаа на работилниците

 

 KREATIVNO MENTORSTVO 2021

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно