Од  Февруари до октомври, 2021 година, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, го организираат и ќе ја реализираат музичко - едукативната манифестација Распеани детски хорчиња.

За таа цел ЈУ.Детски културен центар – Карпош бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – едукативни манифестации за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.

  • Уметнички раководител 1 (еден)

Уметничкиот раководител има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи: музички продуцент, автори на музика и текст и аранжери.

Уметничкиот раководител има задача  и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – едукативната манифестација, мотивациско писмо( зошто се пријавува на повикот) и предлог активности ( што ќе се работи), како и листа на предложени професионалци кои ќе земат учество во проектот.

Јавниот повик е даден на 15.01 и трае до 29.01 2021 година  и трае  15 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02/ 3228  111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 

RASPEANI HORCINJA 1120x840

 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)