Во Зоолошката градина-Скопје на 20 септември 2024 година во 12:00 часот се реализираше последното издание и незаборавна промоција на музичко – едукативниот проект насловен како ЗОО Азбука. Со 5 нови песни за 5 животни кои се жители на Зоолошката градина-Скопје и кои наскоро ќе се најдат на новиот YouTube канал, се промовираше последното 6-то издание од овој мултимедијалниот проект на кој главен покровител е Град Скопје.

 

ZOO AZBUKA 2024

 

Целта на овој музичко едукативен проект е најмладата публика преку музиката освен што ги запознаваат животните и нивните живеалишта исто така да се едуцираат и за културата на однесување во Зоолошката градина, како и начинот на исхрана на истите.

На наше големо задоволство, но и на големо задоволство за најмладата публика, промоцијата на песните се реализираше успешно исто како и изминатите пет изданија на ЗОО Азбука. На ова шесто издание избрани солисти испеаа пет нови песнички и ја запознаа публиката со животни, безрбетници и птици кои живеат кај нас. Преку певливите рефрени и како вовед пред секоја песна, со интересни приказни кои им ги раскажа познатиот ZooKeeper Војо Иванов, децата се едуцираа за животните за кои беа наменети песните односно за тоа како ги чуваат, што јадат, во какви услови живеат и од кој континент се пристигнати.

 Искрено веруваме дека сите заедно со презентирање на новите песни од овој мултимедијален проект ја подигнавме свеста кај сите посетители на Зоолошката градина и дека повторно предизвикавме радост кај најмладата публика.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  youtube red 32 ЗОО АЗБУКА


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)