Манифестацијата ЗОО АЗБУКА 1 имаше цел преку музика и ликовна уметност да ја подигне свеста на сите посетители, особено на децата за животните кои се наоѓаат во нашата Зоолошка градина.

Снимени се пет наменски песни за пет животни кои живеат во Зоо градината: Н - нилски коњ, С - слонови, Ж - жирафи, М - мајмуни и К - кенгури.

Преку певливите едукативни рефрени им ги доближивме на децата елементите за грижа на животните кои се раритет во Зоо градината.

Се изработи и едукативна боенка која ги содржи текстовите и нотите на сите нови песни, која може да послужи како нагледно средство во градинките и основните училишта.

Промоцијата на ова едукативна мултимедијална боенка и ЦД се одржа на ден 9.6.2019 година во Зоолошката градина во Скопје, каде имаше голема посетеност.

ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ подели бесплатни примероци на децата посетители на овој настан.

Се пееја новите рефрени од ЦД со солисте кои ги снимија, придружени од хорчето „Гласот на децата на Скопје“.

 

 ZOO AZBUKA 02

 

ИЗВЕДУВАЧИ - ДЕЦА НА ЗОО АЗБУКА 2:

  • Анастасија Лазаровска – Нилски коњ
  • Јелопи Седеу Нишевиќ – Кенгурче
  • Јована Јоргушеска – Жирафчиња
  • Андреј Маневски – Мајмунска работа
  • Лара Трпчевска – Слонови

Сите посетители, покажаа голема заинтересираност за оваа манифестација која е освежување во сферата на културата.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  youtube red 32 ЗОО АЗБУКА


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)