ЗОО АЗБУКА 3 на 31.05.2021 ја доживеа својата промоција на третото издание на музичкото ЦД со пет нови песни како и едукативната боенка.

ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ направи незаборавна промоција во скопската Зоолошка градина каде што талентирани деца ги отпеаа песните за животните.

За секоја од песните се сними и видео запис, како би можела нашата детска публика да ги има и истите да ги гледа и во видео издание.

Ова трето издание ги опејува животните: Т – тигрици, В – верверички, Д – двогрба камила, П – пингвини, Е – Ему.

Исто така се создаде едукативна боенка која изобилува со колоритност и е примамлива за најмладите, а во склоп на боенката се наоѓа и нотна тетратка која може да се користи како нагледно средство во наставата по музичко образование, ликовно образование и македонски јазик како наставни предмети.

Изгледот на боенката, како и омотот на ЦД се впечатливи и интересни за децата и претставуваат една целина.

Со самото автентично промовирање во Зоолошката градина, предизвикавме голем број позитивни реакции од публиката која не следеше на настанот.

 

 ZOO AZBUKA 03

 

Со нова енергија и уште поголема инспирација подготвени сме за следното издание.

ИЗВЕДУВАЧИ - ДЕЦА НА ЗОО АЗБУКА 3:

  • Веда Кузмановска – Ему
  • Јоана Тодоровска – Пингвини
  • Лина Лалчевска – Верверички
  • Ненад Пепељуговски Десовски – Тигрици
  • Јована Јоргушеска – Двогрба камила

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  youtube red 32 ЗОО АЗБУКА


 

Најнови содржини

Актуелно