Од 1 до 6 декември, 2011, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 2 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2011 2

 

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:

  • Герхард Рајхенбах - Германија,
  • Зоран Краишник - Босна и Херцеговина / Србија,
  • Срѓан Тошиќ - Србија и
  • Џани Шеху - Босна и Херцеговина .

За победниците се предвидени вредни награди, и ќе се одржат три солистички концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 2, 3 и 4 декември и концерт на победниците во категории на „ТРЕМОЛО 2011“ на 5 декември од 20:00 до 21:30 часот.

Влезот е бесплатен .


ПРОГРАМА


 

2 декември 2011

Герхард Рајхенбах - Германија

Зоран Крајишник - Србија

Дарко Багески - Македонија

Ѓурај Алиорук - Турција

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

3 декември 2011

Дамјан Пејчиновски - Македонија

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

4 декември 2011

Гитарски квартет „Leggero“ - Хрватска

Саша Бабиќ, Емина Тривановиќ, Славен Спољариќ, Јурај Мајсторовиќ

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

5 декември 2011

Концерт на победниците во категории на натпреварот „ТРЕМОЛО 2011“

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2011 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно