Меѓународниот натпреварувачки фестивал за акустична гитара „Тремоло“ за прв пат е одржан во ноември 2010 година. Фестивалот се одржува во почетокот на месец јуни, трае 3 до 4 дена и на него учествуваат натпреварувачи во повеќе категории, од почетници до професори, оценувани од меѓународна жири комисија.

На фестивалот покрај натпреварите се одржуваат и работилници и концерти на познати гитаристи и лауреати на фестивалот.

Од 9 до 11 јуни, 2012, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 3 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2012 2

 

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:

  • Александар Хаџи Џорџевиќ - Србија,
  • Нено Мунитиќ - Хрватста,
  • Весна Петковиќ - Србија,
  • Иван Андонов - Бугарија,
  • Анте Радниќ - Хрватска,
  • Александар Крстановски - Македонија,
  • Владе Брзовиќ - Хрватска,
  • Миле Каровски - Македонија,
  • Васко Пиличев - Македонија и
  • Дејан Лазаревски - Македонија.

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат два концерта во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 9 и 10 јуни и концерт на победниците во категории на „ТРЕМОЛО 2012“ во „Музеј на град Скопје“ со почеток во 20:00 часот.

Влезот е бесплатен .

 


ПРОГРАМА


 

9 јуни 2012

Аднан Алагиќ - Босна и Херцеговина

Анастасија Милеска - Македонија

Борче Наумовски - Македонија

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

10 јуни 2012

Петар Чулиќ - Хрватска

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

11 јуни 2012

Концерт на победниците во категории на натпреварот „ТРЕМОЛО 2012“

„Музеј на град Скопје“ од 20:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2012 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно