Меѓународниот натпреварувачки фестивал за акустична гитара „Тремоло“ за прв пат е одржан во ноември 2010 година. Фестивалот се одржува во почетокот на месец јуни, трае 3 до 4 дена и на него учествуваат натпреварувачи во повеќе категории, од почетници до професори, оценувани од меѓународна жири комисија.

На фестивалот покрај натпреварите се одржуваат и работилници и концерти на познати гитаристи и лауреати на фестивалот.

Од 24 до 26 мај, 2013, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 4 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2013

 

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:

  • Дарко Багески - Македонија,
  • Џевдет Сахатџија - Хрватска,
  • Дарко Карајиќ - Србија,
  • Стела Динкова - Бугарија,
  • Александар Крстановски - Македонија,
  • Бошко Радојковиќ - Србија и
  • Антонио Руменовиќ - Хрватска.

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 24, 25 и 26 мај со почеток во 20:00 часот.

Влезот е бесплатен .

 


ПРОГРАМА


 

24 мај 2013

Гитарско дуо од Копривница, Хрватска
Антонио Руменовиќ и Вања Посавец

Александар Андријевски - Македонија
победник на „Тремоло 2012“

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

25 мај 2013

Зоран Аниќ - Србија

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

26 мај 2013

Гитарско дуо од Црна Гора
Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2013 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно