Од 9 до 11 октомври, 2014, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 5 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2014

 

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:

  • Дарко Багески - Македонија,
  • Морана Пешутиќ - Хрватска,
  • Срѓан Тошиќ - Србија,
  • Столина Добрева - Бугарија,
  • Борче Наумовски - Македонија и
  • Саша Дејановиќ - Хрватска..

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 9, 10 и 11 октомври со почеток во 20:00 часот.

Влезот е бесплатен .

 


ПРОГРАМА


 

9 октомври 2014

Саша Дејановиќ - Хрватска

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

10 октомври 2014

Бојан Дојчев - Бугарија

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

11 октомври 2014

Концерт на победници по сите категории на „ТРЕМОЛО 2014“.

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2014 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно