Од 28 до 31 мај, 2015, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 6 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2015 2

 

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:

  • Дарко Багески - Македонија,
  • Шин - Ју Лиу - Тајван,
  • Срѓан Тошиќ - Србија,
  • Росен Балкански - Бугарија,
  • Борче Наумовски - Македонија,
  • Елвис Битиќи - Косово и
  • Љубомир Наќевски - Македонија .

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 28, 30 и 31 мај.

Влезот е бесплатен .

 


ПРОГРАМА


 

28 мај 2015 (четврток)

Шин - Ју Лиу - Тајван

„КИЦ“ Салон 19/19 од 19:30 часот

 

30 мај 2015 (сабота)

Elvis & Gjulian Bytyqi Guitar Duo - Косово

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

31 мај 2015 (недела)

Концерт на победници по сите категории на „ТРЕМОЛО 2015“.

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2015 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно