Од 24 до 27 март, 2016 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 7 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2016 2

 

Членови на жири комисијата се светски прочуени гитаристи.

Оваа година членови на жири комисијата, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:

  • Антонио Фрушела - Италија;
  • Штефан Шмит - Германија;
  • Џевдет Сахатчија - Косово;
  • Зоран Аниќ - Србија;
  • Борче Наумовски - Македонија и
  • Миле Каровски - Македонија.

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти, два концерта во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 24 и 25 март и еден концерт на 26 март во ФМУ – Концертна сала. На 27 март ќе се одржи настап на победниците на натпреварот во „Концертна сала“ на ДКЦ - „Карпош“ во 19:00 часот.

Влезот е бесплатен .

 


ПРОГРАМА


 

24 март 2016 (четврток)

Отворање на „ТРЕМОЛО“ - 2016 со настап на

Muckalica DUO

Зоран Аниќ (гитара), Ненад Љубенковиќ (хармоника)

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

25 март 2016 (петок)

Антонио Фрушела

„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот

 

26 март 2016 (сабота)

FMU GUITAR QUARTET

Oskar Eresh, Марко Цветковски, Георѓи Трајков, Вегим Кучи

ФМУ – Концертна сала од 20:00 часот

 

27 март 2016 (недела)

Концерт на победници на натпреварот.

ДКЦ „Карпош“, концертна сала од 19:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2016 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно