Од 3 до 6 мај, 2018 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. По 9 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

 

TREMOLO 2018

 

Членови на жири комисијата се светски прочуени гитаристи.

Оваа година членови на жири комисијата, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:

  • Никола Монтела - Италија;
  • Зоран Аниќ - Србија;
  • Џевдет Сахатчија - Хрватска, Косово;
  • Николај Михајлов - Бугарија;

Претставници на комисијата од Македонија се:

  • Дарко Багески;
  • Борче Наумовски и
  • Љубомир Наќески.

 

За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на публиката и годинава ќе се одржат три концерти:

  • На 3 мај од 20:00 часот - во „Музејот на Македонската борба“ - Скопје,
  • На 4 мај од 21:00 часот - во „Младински културен центар“ - МКЦ во Клуб и Ресторан,
  • На 5 мај од 20:00 часот - во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19,.
  • На 6 мај од 18:30 часот - во Концертна сала на ДКЦ - „Карпош“ ќе се одржи концерт на победниците по категории на натпреварот и доделување на наградите и признанијата.

Влезот за сите концерти е бесплатен! 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2018 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно