Врвни гитаристи и добитници на „греми“ - гости на „Тремоло“ 2021. Започнува 12-то издание на Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“, единствениот од ваков тип кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во класичната гитара.

Годинава, меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ го реализира своето 12-то издание, од 17 до 23 мај, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“, со поддршка на Град Скопје.

На задоволство на публиката и годинава ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

Меѓу концертите планирани за годинава први се оние на: Давид Штрбац - Србија/Австрија и на Адам дел Монте - САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Македонската филхармонија, потоа на „Дуо Дениција“ - Македонија/Германија и на Герхард Герхард Рајхенбах - Германија, најавени за 21 мај во „Куршумли ан“, како и на Нејц Кухар - Словенија/Австријаи на Габриел Бјанко - Франција, чии настапи на 22 мај, исто така, ќе бидат во малата сала на Македонската филхармонија.

Најавено е учество на многу гости од странство, од кои дел ќе бидат и членови на интернационалното жири:

  • Адам дел Монте од САД, еден од водечките фламенко и класични гитаристи и композитори од неговата генерација, добитник на награди „греми“;
  • Габриел Бјанко од Франција, признат како еден од најдобрите денешни класични гитаристи, победник на престижни меѓународни натпревари, во Сан Франциско, САД и во Кобленц, Германија;
  • Герхард Рајнхенбах од Германија, кој веќе 40 години настапува како солист и заедно со оркестри на сите важни меѓународни фестивали на гитара;
  • Нејц Кухар од Словенија/Австрија, професор на Универзитетот за музика и сценски уметности во Виена и на Конзерваториумот „Јозеф Хајдн“ во Ајнштадт, предавач на престижната школа „Џулијард“ и др.;
  • Ерхан Мујка од Косово,
  • Бошко Радојковиќ од Србија,
  • Џевдет Сахатчија од Хрватска/Косово,
  • Николај Михаилов
  • Стела Динкова од Бугарија.

Од македонска страна во жирито членуваат:

  • Дарко Багески - нашиот познат гитарист, кој моментално работи како редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и претседател на македонската заедница за класична гитара;
  • Борче Наумоски - доцент на Факултетот за музичка уметност, кој ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
  • Љубомир Наќевски - професор по класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, чии ученици активно учествуваат на фестивалите во регионот и се добитници на државни и меѓународни награди и
  • директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска.

Овој фестивал е прв посветен на уметноста на класичната гитара во нашата земја. Низ годините, прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара.

Детскиот културен центар – „Карпош“ има долга и богата традиција во однос на организација на многубројни културни настани и манифестации, за кои сведочат многубројни признанија и награди, а со овој фестивал, кој е поддржан и од градот Скопје, ја збогатија домашната културна сцена.

 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2021 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)