Со поддршка од Град Скопје од 31 мај до 10 јуни 2024 година ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ го организираше и реализираше фестивалот на детската креативност „Трамболини“.


Трамболини со сите разнолики работилници кои беа по програмата, по петти пат се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативните и креативни работилници 10 дена ја развиваше креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата.

Trambolini programa 2024
Низ фестивалот минаа 100 деца, на возраст од 7 до 17 години, кои преку електронски пријави и информации од социјалните мрежи се пријавуваа за учество во работилниците.
Децата на овој единствен фестивал успеаа да совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. Во склоп на фестивалот се одвиваше, ликовна работилница и изложба, Рециклирање „Слики од природата“, мали Алхемичари, Личен развој, Вредни ботаничари, Креативни торбички, Мјузикл „ ,,Приказната за генијалната Матилда", Временски патници, Изработка на моден детал од глина.
Како што напоменавме, работилниците беа од различни области кои се реализираа на теми каде можеше децата културно да се воздигнат, но и работилници каде децата ги развија своите умствени вештини.
Како наши соработници на фестивалот се јавија: МКЦ-Кино Фросина, Музеј на Современа Уметност, Зоолошка градина – Скопје, ООУ. „Јашар Беј“ и ООУ. „Љубен Лапе“.

 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)