По четврти пат во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје, од 07.06 до 17.06. 2023 година го организираше и реализираше фестивалот на детската креативност „Трамболини“.

  Преку едукативните и креативни работилници Фестивалот на детска креативност „Трамболини“ 10 дена ја развиваше креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата.

Trambolini programa 2023 1 

Фестивалот се реализираше со деца, кои беа на возраст од 7 до 17 години, кои преку електронски пријави и информации од социјалните мрежи се пријавуваа за учество во работилниците. Низ работилниците минаа повеќе од 150 деца.

Со разновидните работилници ги поттикнавме децата да ги изразат сите квалитети од областа на театарот, ликовната уметност, личен развој, природни науки, филмски проекции, изложби...

Во склоп на фестивалот се одвиваше, ликовни работилници, Г-дин Бушавко, мали Алхемичари, Личен развој, Вредни ботаничари, Креативни торбички, Мјузикл „Малата сирена“ , Мали археолози, Кино дворче, Временски патници, Изработка на моден детал од глина.

Како наши соработници на фестивалот и оваа година се јавија: МКЦ-Кино Фросина, Музеј на современа уметност, Археолошкиот музеј – Скопје, Локалитет Тумба Маџари, ПМФ-Ботаничка градина кои ги отворија вратите за учесниците на манифестацијата, како и Кинотека на Република Северна Македонија.

                              TRAMBOLINI 2023

 

  


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРАМБОЛИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)