ЈУ ДКЦ - „Карпош“ за време на овие несекојдневни околности за прв пат организира „ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ - ТРАМБОЛИНИ“. Ова е прв фестивал од ваков тип во нашата држава, каде преку едукативни и креативни работилници ќе ја развие креативноста и љубопитноста кај децата.

Овој фестивал на креативноста ќе се издвои од многубројните детски манифестации и работилници со поинаков креативен концепт и содржина. Она по што ќе биде единствен е фактот дека ќе има исклучиво квалитетни детски содржини, интересна програма, каде децата ќе можат да поминат квалитетно време, да уживаат и да се забавуваат благодарение на богатите креативни и едукативни содржини.

 

TRAMBOLINI 2020

 

Разните активности ќе бидат вистинско освежување за децата и младите и ќе се случуваат на повеќе локации во градот, каде децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области: ликовна уметност, музика, филм, литература, природни науки, археологија, а тоа значи дека со овој фестивал ќе бидат опфатени најважните и најкреативните области од културата. Работилниците ќе се реализираат на отворено, но и во простории на јавни институции кои се партнери во овој наш креативен детски фестивал.

 

TRAMBOLINI 2020 PROGRAMA

 

Ќе се почитуваат сите препораки за одржување на дистанца и заштита каде задолжително во критериумите за учество во работилниците се наведени сите мерки за заштита.

Ќе се редуцира бројот на учесници во работилниците согласно препораките во моментот на реализација на работилниците.

Отворањето на „ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ - ТРАМБОЛИНИ“ ќе биде на 21.8.2020 во 19:00 часот, во Градски парк на Школка, каде што децата ќе имаат ексклузивна можност да го бараат изгубеното богатство.

Но тоа не е сѐ.

Покрај потрагата ќе има и други активности: изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти, пеење песни од Зоо азбука, а публиката ќе ја забавуваат и сите ќе можат да уживаат во прекрасните песни што ќе ги изведат децата од нашиот хор „Гласот на децата на Скопје“.

ДКЦ Карпош ве поканува да бидете дел од овој „ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ - ТРАМБОЛИНИ“ и дека и вие ќе уживате во него.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРАМБОЛИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)