Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, годинава по петти пат ќе организираат „Ролер трка 2016 “, наречена „Возиме кон иднината“. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат училиштата од градот и околината. Манифестацијата ќе се организира на 22 април (петок), во 12 часот.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, и создавање навики за спортување.

Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат сите основни училишта од градот и околинатa, со учесници на возраст од петто до девето одделение.

Манифестацијата ќе се организира на 22 април (петок), во 12 часот.

На Ролеријадата ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните ученици во машка и женска категорија.

Стартната позиција ќе биде на бул.“Илинден“,пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на бул. „Илинден“ со ул. „Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило).

 

2016 ROLERIJADA

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно