На 31.8.2021 година Детскиот културен центар – „Карпош“, успешно ja реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ - културни активности на отворено.

На плоштадот „Карпошово востание“ со почеток од 19:00 часот, многубројната публика имаше можност да се запознае со активностите кои се реализираат во Детски културен центар „Карпош“ преку програма, изведена од членовите на секциите на Центарот.

На 4 Јуни 2020 година, ЈУ Детски културен центар - „Карпош“, за прв пат ја реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“, online и ги промовираше и афирмираше своите активности и секции на достоен начин.

Заради новонастанатата ситуација со пандемијата со корона вирусот и препораките за заштита кои што доследно ги следиме, целокупниот програмски план зема сосема друг тек.

„РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ е манифестациа наменета за сите деца како и за младината и граѓаните на Скопје. Организатор и реализатор на овааа манифестација е Детски културен центар „Карпош“, во соработка со Град Скопје. Проект кој се одржува во временски период од јуни до септември на плоштадите Македонија и Карпошово востание во Скопје како и на помалку заборавени летни сцени кои преку овие активности на отворено заживуваат.

Најнови содржини

Актуелно