Детскиот културен центар - „Карпош" и градот Скопје по втор пат се организатори на ПРВЕНСТВОТО НА СКОПЈЕ ВО ШАХ ЗА МЛАДИ.

Првенството ќе се одржи на 26.10.2017 год. (четврток) со почеток во 10 часот.

ПРОПОЗИЦИИ:

Првенството се игра во три категории:

  1. Првенство на Скопје за ученици од I до V одделение од основните училишта,
  2. Првенство на Скопје за ученици од VI до IX одделение од основните училишта,
  3. Првенство на Скопје за ученици од средните училишта.

 

Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).

Натпреварите ќе ги водат шаховски судии,одговорни за регуларноста и правилата, од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје.

Најдобрите на трите турнири ќе бидат наградени со:

  1. место: таблет, пехар, медал, диплома
  2. место: медал, диплома
  3. место: медал, диплома

 

Специјални награди за најдобро пласираните девојчиња на трите турнири.

  2017 PRVENSTVO SAH

 

Покрај награди за учениците ќе бидат доделени и три награди (таблети) за менторите на учениците кои ќе ги освојат првите места на трите турнири.

Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата и овој спорт делува на психичкиот развој на нашите најмлади. .

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно