Детскиот културен центар - „Карпош“ и годинава по 23 пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој ќе се одржи од 30.9 до 3.10.2014 година.

На Фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од: Украина (два ансамбла), Србија, Грузија, Турција, Бугарија, Унгарија и четири македонски ансамбли.

Според фестивалската програма на 30 септември (вторник), од 17:30 до 18:00 часот предвидена е фолклорна литургија во храмот Св. „Климент Охридски“ и свечено отворање на фестивалот, а веднаш по тоа во 18:00 часот тргнува фолклорното дефиле, од храмот во правец на "Универзална сала", преку семафорите, од десната страна на бул. „Партизански одреди“.

Фолклорното дефиле ќе оди по бул. „Партизански одреди“ кон „Универзална сала“, а ДЕФИЛЕТО би требало да ги помине семафорите или пешачкиот премин кај слаткарница „Апче“, па лево кон „Универзална сала“, каде во 19:30 часот ќе биде настапот, концертот на групите, учеснички на Фестивалот.

ВЛЕЗОТ ЗА КОНЦЕРТОТ ВО „УНИВЕРЗАЛНА САЛА“ Е БЕСПЛАТЕН!

ORO BEZ GRANICI 2014

Вториот, завршен концерт ќе се одржи на 1.10.2014 година (среда) во населба „Бардовци“ во црквата Св. „Тројца“ во 18:00 часот.

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2014 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)