ЈУ ДКЦ - „Карпош“ во соработка со град Скопје и министерството за култура на Р. Македонија и годинава по 26 пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“

Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2017 годинава се одржува од 29.9 до 1.10.2017 година и на него учество ќе земат детски фолклорни ансамбли од Хрватска, Полска, Руска Федерација - Јакутија, Србија, Бугарија и македонски ансамбли.

На 29.9.2017 год. (петок) во 17:15 часот за гостите и домашните ансамбли ќе има Богослужба во храмот Св „Климент Охридски“. По завршување на Богослужбата продолжуваме на плоштад Македонија каде во 18:30 часот ќе биде свеченото отворање на Фестивалот “Оро без граници“ 2017.

ORO BEZ GRANICI 2017

По отворање на фестивалот следи програмата, настап на сите групи, странски и домашни, учеснички на фестивалот.

На 01.10.2017 год. (недела) од 10:00 часот ќе се организира пикник во Лешочкиот манастир каде ќе биде и затворањето на Фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)