ЈУ ДКЦ - „Карпош“, од 19 до 22 септември 2019 година, по 28 пат ќе го организира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата.

ORO BEZ GRANICI 2019

Во досегашново одржување на фестивалот, градот Скопје и Р.С.Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци.

На фестивалот се поканети гости од Р. Србија - Јагодина, Р. Грција, Р. Словачка и Р. Турција, а покрај гостите од странство ќе учествуваат и македонски ансамбли.

Пред централниот настан, сите гости тргнувајќи од ДКЦ – „Карпош“ го започнуваат фестивалското дефиле кое завршува на плоштад Македонија.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори Директорката на ДКЦ - „Карпош“ д-р Билјана Лалчевска Серафимовска. Фестивалот ќе започне со најпознатите македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на играорната секција од ДКЦ - „Карпош.

Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“. Покрај официјалниот дел, на гостите ќе им бидат претставени атрактивни локации во Градот Скопје: Зоолошката градина, Музејот на илузии, Старата Скопска Чаршија и знаменитостите на Скопје.

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2019 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)