„Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата, кое трае цели 29 години. Приказна која го буди најубавото и исконското во нас.

ORO BEZ GRANICI 2020

„Оро без граници“ 2020, меѓународен детски фолклорен фестивал оваа година во поразлично издание од другите, но сепак не потсетува дека фолклорот обединува, фолклорот не познава граници и не постои поголем амбасадор во светот од него.

Нема да го одиграме најголемото детско оро држејќи се за рака, но виртуелно ќе пропатуваме заедно два дена низ различните култури и различните ритми на Србија, Грција, Турција, Бугарија, Словачка, Полска, Хрватска и секако ние Детскиот културен центар Карпош, како домаќини и ансамблот Македонија и Каршиака како наши гости.

Главен покровител на оваа манифестација е Градот Скопје.

Ви посакуваме пријатни мигови и ве препуштаме да уживате во програмата која можете да ја следите на 19 и 20 септември со почеток во 12:00 часот на нашата ФБ страна и YOU TUBE канал .

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2020 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)