Со звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан, заврши музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“ , фестивал на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години.

„Инструментите на моите предци“ со изворните ноти не одведоа во различни предели и региони од нашата држава и преку народните изворни инструменти раскажаа приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.

InstrumentiteNaMoitePredci2025

Со овие натпревари ДКЦ – Карпош има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија.
Оваа година Гран при наградата отиде во рацете на машкиот оркестар „Наши ноти“.

„Инструментите на моите предци“ кој е поддржан од Град Скопје по седми пат се одржа на 01.06.2025 година во Големата сала на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 09:30 часот.

Најнови содржини

Актуелно