Детскиот културен центар - „Карпош“, трета година по ред, од 28 до 30.5.2021 го реализира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти под покровителство на Град Скопје, со наслов „ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ“ - 2021.

Фолклорната култура е човечки израз за да се опише начинот на живот на едно општество, бидејќи целта на народната песна е да ги опише човечките искуства, знаењето на духовното и материјалното наследство, кое е неизоставен дел од развојот на децата, кои се развиваат и усовршуваат наоѓајќи сопствен изворен уметнички јазик.

 

2021 INSTRUMENTI PREDCI

 

Токму затоа Детскиот културен центар - „Карпош“, Скопје, трета година по ред од 28 до 30.5.2021 год. го организира и реализира фестивалот и натпревар на народни и класични инструменти под покровителство на Град Скопје, со наслов „Инструментите на моите предци“ -2021.

На уникатен и единствен начин се запознаваме со етно приказните на различни култури, со сличностите и различностите на инструментите и нивните звуци во натпреварувачкиот дел.

вели директорката Билјана Лалчевска Серафимовска.

Преку звукот на народните инструменти, патуваме во различни предели и региони и ги раскажуваме овие приказни кои зборуваат за минатото, во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Инструментите на моите предци


 

Најнови содржини

Актуелно