По повод 8 март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе биде организиран музичко креативен настан „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“, 2022.

Традиционално и оваа година децата преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење ќе го одбележат денот на жената.

Главниот настан ќе се одржи на 5.3.2022 година во Кинотека со почеток во 12:00 часот каде децата низ танц и музика ќе упатат честитки кон сите жени, а особено кон своите мајки.

Манифестацијата продолжува на 7.3.2022 година со почеток во 13:00 часот и во пресрет на празникот, во соработка со ООУ „Киро Глигоров“, Скопје ќе има креативно пишување на тема „Со љубов за сите жени“ и литературно поетско читање на поезија наменета за жената.

Затвoрањето на манифестацијата ќе биде на 8.3.2022 година со традиционалната изложба на цртежи од деца од предучилишните установи во Град Скопје и околината кои учествуваа на Конкурсот објавен на тема „Цртам за мојата мајка“.

Децата од градинките изработија, честитки и цртежи на темата „Жена - мајка“, во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги доживуваат своите мајки и која е улогата на мајката во нивниот живот и секако жената воопшто.

Изложбата со детските творби ќе биде поставена во просториите на ДКЦ „Карпош“ а ќе биде презентирана и онлајн на 8.3.2022 година во 10:30 часот на ФБ страната и YouTube каналот на Центарот, за да ја погледне и пошироката публика.

 

2022 ZA MOJATA MAJKA

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)