По повод 8 март, денот на жената, во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“ ќе биде организирана традиционалната манифестацијата „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“, 2020.

Во склоп на манифестацијата ќе биде организирана традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Најмалите, децата од градинките ќе изработуваат честитки и цртежи поврзани со темата мајка, жена во кои се гледа нивната креативност и фантазија за тоа како си ги замислуваат своите мајки, жената и која е нејзината улога во нивниот живот.

Изложбата ќе биде отворена во просториите на ДКЦ - „Карпош“ на 6.3.2020 година (петок) со почеток во 10:00 часот.

За децата од градинките е организирана пригодна програма и како секоја година на оваа манифестација, имаме гостин жена, мајка, сопруга, жена, која ќе раскажува за нејзината работа и професија, односно дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи.

 

2020 ZA MOJATA MAJKA

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)