На летната сцена на ЈУ. Детски културен центар – Карпош на 07.06.2023 година се реализираше промоција на новото ЦД со нови детски хорски песни од страна на детскиот градски хор „ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ“.

На интерактивен начин, со вметнување на драмски секвенци, децата од хорот ја промовираа секоја песна, пропратена со кореографија. Многубројната публика се забавуваше при изведбата на детските хорски песни.

Glasot na decata na Skopje2023

Како уметнички раководител на оваа манифестација е Борислав Јоргушески, докажан музички педагог. На промоцијата беа подарени новите ЦД на присутните и имаше голем интерес за придружување и членување во детскиот градски хор од деца кои беа дојдени како публика.

Со оваа промоција уште еднаш се покажа дека на децата им требаат вакви настани, недостасуваат детски хорски песни кои се од исклучително значење за нивниот развој.

 

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ


 

Најнови содржини

Актуелно