На ден 14.05.2022 година во градски парк на Школка  ЈУ. Детски културен центар – Карпош,  реализираше промоција на новото ЦД со  нови детски хорски песни од страна на детскиот градски хор „ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ“.

На интерактивен начин, со вметнување на драмски секвенци, децата од хорот ја промовираа секоја песна, пропратена со кореографија. Присуствуваше голем број на публика која се забавуваше при изведбата на детските хорски песни.

Glasot na decata na Skopje 2022

Како уметнички раководител  на оваа манифестација е Борислав Јоргушески, докажан музички педагог. На промоцијата беа подарени новите ЦД на присутните и имаше голем интерес за придружување и членување во детскиот градски хор од деца кои беа дојдени како публика.

Со оваа промоција уште еднаш се покажа дека на децата им требаат вакви настани, недостасуваат детски хорски песни кои се од исклучително значење за нивниот развој.

 

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ


 

Најнови содржини

Актуелно