Во Градски парк, на ШКОЛКА, од 18:30 до 19:30 часот, на 17.5.2021 година, ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ со поддршка од Град Скопје, ја организираше и реализираше промоцијата на новото ЦД со уште 10 нови, детски хорски песни, изведени од детскиот градски хор „ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ“.

Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје“ кој се формираше минатата година се зголеми и стана поброен со талентирани деца.

Оваа година настанот односно првата песна започна со заедничка изведба на хорот „Гласот на децата на Скопје“ со нашите познати уметници Александар Митевски и Драган Спасов Дац, кои заедно со децата ја отворија промоцијата на новото ЦД.

Секоја песна што беше изведена од хорот децата ја промовираа со интересна кореографија. Публиката, а особено децата кои го следеа настанот уживаа во секоја изведена песна, пееја заедно со децата од хорот и успеаа да ја научат и кореографијата на песните. Глетката беше прекрасна, децата од публиката пееја и играа на секоја песна и сета изведба се претвори во голема забава.

Уште едно ЦД и уште еден доказ дека децата ја сакаат хорската музика.

 

2021 GLASOT DECATA SKOPJE

 

Поради пандемијата од Ковид 19 на промоцијата присуствуваше ограничен број публика која се придржуваше на сите мерки кои им беа нагласени.

 

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)