Детскиот културен центар - „Карпош“ во соработка и поддржано од Град Скопје ќе ја организира манифестација под мотото „Движи се за здравје“, која е традиционална и се одржува во склоп на Европската недела на движењето, што се одржува од 16 до 22.9 2020 год..

Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно.

За да се потсетиме дека вежбањето е сеуште корисно дури и во овие времиња на пандемија, ДКЦ Карпош манифестацијата „Движи се за здравје“, ќе ја прикаже директно, онлајн, на 16 септември од 10:00 до 12:00 часот на ФБ страната и YOU TUBE каналот на центарот.

НА 16 СЕПТЕМВРИ од 10:00 до 12:00 часот ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА:  facebook   youtube

 

DVIZI SE ZA ZDRAVJE 2020

 

Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен развој и раст кај децата, за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст, но и воедно ги учиме децата да стекнат навика да го практикуваат спортот.

Децата преку вежбањето, движењата, ќе ја откријат брзината и вештината во поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.

Затоа придружите ни се и следете ја манифестацијата „Движи се за здравје“ - 2020 онлајн и уживајте во неа.

Внимание!! НА 16 СЕПТЕМВРИ од 10:00 до 12:00 часот ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА:  facebook   youtube

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно