Детски културен центар - „Карпош“ и Град Скопје на 1 април 2016 год. (петок) од 11:00 до 14:00 часот на плоштад Македонија, традиционално како и секоја година, ќе ја организира манифестацијата „АПРИЛИЈАДА - СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ - 2016, наменета за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.

Очекувајте невидена детска журка со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ - „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта од градот Скопје и околината.

Манифестацијата АПРИЛИЈАДА - „Скопје се смее“ 2016 е поддржана од Град Скопје и ќе ја прогласи отворена градоначалникот на градот Скопје, г-дин Коце Трајановски.

 

APRILIJADA 2016

 

Бонус ноќна забава од 21:00 часот, исто така на Плоштад Македонија, со „ПИРЕЈА“ (етно-бенд), Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Сашо Гигов - Гиш, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, Биљана Дабеска, групата „THE NOISE MAKERS“.

Маскирани посетители ќе продефилираат на сцената. Ќе има и други изненадувања, но да не откриваме сé, а за крај Диџеј. Забава за сите големи деца во Скопје од ДКЦ - „Карпош“ и Град Скопје.

Водител на забавата: Марко Марк.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)