Детски културен центар - „Карпош“ и Град Скопје на 1 април 2017 год. (сабота) од 11:00 до 13:00 часот на плоштад Македонија, традиционално како и секоја година, ќе ја организира манифестацијата „АПРИЛИЈАДА - СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ - 2017, наменета за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.

Очекувајте невидена детска журка со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ - „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта од градот Скопје и околината, Албански детски фестивал.

Манифестацијата АПРИЛИЈАДА - „Скопје се смее“ 2017 е поддржана од Град Скопје и ќе ја прогласи отворена градоначалникот на градот Скопје, г-дин Коце Трајановски.

ДКЦ - „КАРПОШ“, КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ОБЈАВУВА КОНКУРСИ ДО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА НАЈДОБРА МАСКА И КАРИКАТУРА ЗА КОИ СЛЕДУВААТ ВРЕДНИ НАГРАДИ И ДИПЛОМИ КОИ СЕ ДОДЕЛУВААТ ВО ДКЦ - „КАРПОШ“, А ВО ВЕЧЕРНИОТ ДЕЛ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА НА БИНАТА ЌЕ ПРОДЕФИЛИРААТ СО ГРУПНИ МАСКИ УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА, А ЗА НАЈДОБРА ГРУПНА МАСКА СЛЕУВА ВРЕДНА НАГРАДА.

 

APRILIJADA 2017

 

Бонус ноќна забава од 20:00 часот, исто така на Плоштад Македонија, со Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу, групата BRASS BROTHERS.

Маскирани посетители ќе продефилираат на сцената. Ќе има и други изненадувања, но да не откриваме сé, а за крај Диџеј. Забава за сите големи деца во Скопје од ДКЦ - „Карпош“ и Град Скопје.

Водител на забавата: Влатко Илиевски.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

Најнови содржини

Актуелно

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)