„ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ“ е фестивал и натпревар кој им овозможува на децата и младите да ја негуваат изворната песна

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Инструментите на моите предци

Концептот на фестивалот се состои од ревијална вечер, каде со свои изведби се претставува жири комисијата и познати македонски виртуози, кои преку звукот на народните инструменти ќе и овозможат на публиката да отпатува во различни предели и региони на нашата држава, со цел да се потсети на подзаборавените песни и ора.

 

ISTORIJA INSTRUMENTI PREDCI

 

Преку овој фестивал и натпреварување на народни и класични инструменти, ДКЦ „Карпош“, преку магијата на звукот на кавалот, тамбурата, тапанот, кларинетот, гајдата, хармониката, има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Инструментите на моите предци


 

Најнови содржини

Актуелно